Рецепти
Сутлијаш Ана Ѓорова

Вкусен десерт што лесно се подготвува

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Ориз(1 Чаша)

Вода(3 Чаши)

Млеко(3 Чаши)

Шеќер(8 Супени лажици)

Ванилин шеќер(1 Пакување)

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 40 минути

  1. Во тенџере се става водата да се вари на висока температура.
  2. Кога водата ќе зоврие, се намалува температурата и се додава оризот.
  3. Се промешува од време на време за да не се залепи на дното.
  4. Кога водата ќе испари и смесата ќе се подзгусне, се додава една чаша млеко и повремено се меша додека пак не згусне.
  5. Постапката се повторува сè додека не се сипе и третата чаша млеко.
  6. По третата чаша млеко, убаво се промешува и се додаваат 8 големи лажици шеќер и ванилин шеќер.
  7. Се сервира во садовите во кои сакате да го послужите, се наросува со цимет по желба или се декорира со рендано чоколадо, овошје или прелив.
Сиров чоколаден тарт
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Бели топчиња
Колач со круши и бадеми
Оревки
Сусам топчиња
Колачиња зелени елки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Торта фантазија
Ролат со кокос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: