Рецепти
Тарт со круши и малини Ана Ѓорова

Крцкава пита со овошје што може да ја послужите за појадок со чаша млеко

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(210 грама (за кора) )

Шеќер(135 грама (за кора) )

Путер(150 грама (за кора) )

Сечкани ореви(40 грама (за кора) )

Круша(3 (за фил) )

Шеќер(100 грама (за фил) )

Нишесте (пченкарен скроб)(2 лажици (за фил) )

Цимет(1 лажичка (за фил) )

Рендана кора од лимон(1 лажичка (за фил) )

Замрзнати малини(125 грама (за фил) )

Брашно(65 грама (за втората кора) )

Кафеав шеќер(65 грама (за втората кора) )

Рендана кора од лимон(1 лажичка (за втората кора) )

Путер(60 грама (за втората кора) )

Сечкани ореви(40 грама (за втората кора) )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

Кора:

  1. Во сад измешајте ги брашното и шеќерот, додајте го путерот (ладен од фрижидер и исечкан на ситни парчиња) и сечканите ореви.
  2. Мешајте додека добиете трошкаста смеса, па ставете ја во неподмачкан калап за торти (со пречник 28 см).  Натапкајте ги трошките на дното и на страните на садот.

Фил:

  1. Измешајте ги ситно исечканите, излупени и исчистени круши со нишестето, циметот и ренданата кора од лимон, а на крајот додајте ги и малинките.
  2. Сето тоа додајте го врз кората и израмнете.

Втор слој:

  1. Во чинија измешајте го брашното, кафеавиот шеќер, лимоновата кора, путерот и сечканите ореви.
  2. Формирајте трошкаста смеса и посипете ја врз овошниот фил.
  3. Печете го колачот во претходно загреана рерна на 200 степени, 35-40 минути.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Здрава проја со тиквички
Тарт со џем од малини
Шеќерни прженки
Пита со блитва и со коприва
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Посни крокети со спанаќ
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Оревки
Сусам топчиња
Лут зелник
Тарт со вишни
Крокети од тиква и пармезан
Кнедли од крем сирење
Француско „селско“ месо
Кнедли од џигер
Енергетски залчиња од тиква
Тарт со праз
Пита со кисела зелка
Чај со брусница и зачини
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Топчиња од палента
Потпечен карфиол
Здраво чоколадно лепче
Ленени погачици
Чоколадни брауни од тиква
Брза пита од тиква

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: