Рецепти
Тестенини со прокељ и ким
Комбинација од зеленчук, зачини и тестенини за вкусна вечера или ручек
ТИП НА РЕЦЕПТ
ВечераТИП НА КУЈНА
ВегетаријанскиКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Тестенини(250 Грама)
Прокељ(12 Главици)
Ким(1/2 Кафена лажица)
Презла(1 Супена лажица)
Масло(3 Супени лажици)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 25 минути
- Измијте го прокељот, исечете го на половина и варете го 5-6 минути во зовриена и посолена вода. Исцедете го и држете го на топло место.
- Кимот истолчете го. Загрејте две лажици масло во една тава, додајте го кимот и пржете го 2-3 минути.
- Со кимот потоа додајте го прокељот и пржете го на умерен оган 2-3 минути.
- Загрејте една лажица масло, додајте ја презлата и оставете ја да зарумени на тивок оган.
- Сварете ги тестенините, исцедете ги и префрлете ги во тавата. Пржете ги една минута, па сервирајте ги.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во