Рецепти
Тестенини со сос од месо и грашок Ана Ристеска

Ручек за целото семејство од макарони во вкусен сос со мелено месо и домати

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Тестенини(320 Грама)

Телешко мелено месо(400 Грама)

Морков(1 )

Кромид(1 Главица)

Целер(1 )

Доматно пире(300 Грама)

Грашок(замрзнат 100 Грама)

Бело вино(1 Чаша)

Путер(20 Грама)

Масло(4 Супени лажици)

Сол

Бибер

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за поамлку од 40 минути

  1. Исчистете ги морковите и целерот и излупете го кромидот. Потоа ситно исечкајте ги.
  2. Сипете го маслото во една тава, додајте го путерот и ставете ја тавата на тивок оган. Кога ќе се растопи путерот, додајте го исечканиот зеленчук, измешајте го со дрвена лажица и оставете го да се пржи неколку минути.
  3. Додајте го месото и пржете го неколку минути се додека не зарумени, мешајќи го. Потоа посолете го, попиперете го и полијте го со виното. Зголемете ја температурата и оставете да испари целата течност.
  4. Во тавта додајте го доматното пире и мешајте го. Намалете ја температурата и посолете го сосот.
  5. По 5 минути додајте го одмрзнатиот грашок и мешајте го се додека не омекне. Поклопете ја тавата и продолжете со пржењето уште 15 минути на умерен оган.
  6. Сварете ги тестенините во поголемо количество зовриена вода. Префрлете половина од подготвениот сос во поголема тава. Исцедете ги тестенините и ставете ги во тавата врз сосот, па прекријте ги со останатиот сос и измешајте ги.
Банана лепче
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Туна ќофтиња
Здрава проја со тиквички
Посни колачи со локум
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Пилешки дроб и срца
Пита со блитва и со коприва
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Колач со круши и бадеми
Оревки
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Овесни барови со јаворов сируп

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: