Рецепти
Торта од мед и костени
Оваа лесна италијанска торта е навистина неодолива
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
Италијанска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
8 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
65 - 120 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Путер(225 Грама)
Мед(250 Грама)
Кафеав шеќер(100 Грама)
Јајце(3 )
Брашно(300 Грама)
Прашок за печиво(2 Кафени лажици)
Семе од анасон(1 Кафена лажица)
Печени или варени костени(6 Супени лажици)
Борови ореви (пињоли)(4 Супени лажици)
Морска сол(1 Кафена лажица)
ПОДГОТОВКА
Овој рецепт се подогтвува за помалку од 90 минути
- Згрејте ја рерната на 160 степени и тавче за печење премачкајте го со путер.
- Путерот ставете го во тавче заедно со медот и шеќерот и стопете ги на тивок оган со повремено мешање. Кога ќе почне да врие оставете го уште една минута и потоа тргнете го тавчето на страна 20 минути за смесата да се олади.
- Изматете ги јајцата и ставете ги во смесата со путерот.
- Во длабок сад ставете го брашното и прашокот за печиво. Во средината направете дупка и сипете ја смесата со медот и јајцата. Убаво измешајте и кога смесата ќе се соедини додајте ги семињата анасон и 4 лажици исечкани костени (печени).
- Смесата ставете ја во тавата за печење. Останатиот дел од костените измешајте го со боровите ореви и морска сол и наросете ги врз смесата.
- Печете ја тортата 45-60 минути. Оставете ја тортата да се олади и превртете ја на чинија за служење. Загрејте две лажици мед за да стане потечен и премачкајте ја целата торта. Тортата можете да ја послужите со топка сладолед.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во