Рецепти
Торта од спанаќ Ана Ристеска

Необичен турски специјалитет, Ве уверуваме дека никој нема да ја открие тајната состојка

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јајце(3 )

Екстракт од ванила(1 Кафена лажица)

Шеќер(1 1/2 Чаша)

Спанаќ(200 Грама)

Маслиново масло(3/4 Чаша)

Свеж сок од лимон(2 Супени лажици)

Брашно(2 Чаши)

Прашок за печиво(3 Кафени лажици)

Сол(1/2 Кафена лажица)

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 50 минути

  1. Измијте го спанаќот и ставете го во блендер. Изблендирајте го убаво и тргнете го на страна.
  2. Јајцата и шеќерот матете ги со електричен миксер. Додајте ја ванилата, маслото, сокот од лимон и една чаша од пирето од спанаќ и убаво измешајте.
  3. Во посебен сад соединете ги брашното, печивото и солта. Додајте ја смесата во смесата со спанаќ и мешајте една минута.
  4. Смесата сипете ја во стаклена подмачкана тава за печење и печете ја тортата 30 минути на 180°C.
  5. Кога тортата целосно ќе се олади, во сад изматете крем шлаг од ванила и премачкајте го врз тортата.
Сиров чоколаден тарт
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Бели топчиња
Колач со круши и бадеми
Оревки
Сусам топчиња
Колачиња зелени елки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Торта фантазија
Ролат со кокос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: