Рецепти
Торта од темно пиво Ана Ѓорова

Не треба да сте љубители на пивото за да ви се допадне оваа торта, доволно е да го сакате вкусот на темното чоколадо и какао за да посакате повторно да ја направите

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Темно пиво(250 Милилитри)

Путер(190 Грама)

Шеќер(250 Грама)

Брашно(250 Грама)

Јајце(2 )

Какао(25 Грама)

Сода бикарбона(1 Кафена лажица)

Шеќер во прав(130 Грама)

Црно чоколадо(25 Грама)

Бело чоколадо

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 90 минути

  1. Рерната загрејте ја на 180°C.
  2. Употребете кружен сад за печење од 22 см и на дното ставете намастена хартија за печење.
  3. Изматете 125 грама путер со 250 грама шеќер додека добиете кремаста смеса. Потоа додајте ги јајцата едно по едно и повторно изматете.
  4. Во друг сад ставете го какаото и постепено додавајте по малку од темното пиво и мешајте со лажица додека целото пиво не го истурите во садот со какаото.
  5. Во трет сад ставете ја сода бикарбоната и измешајте ја со брашното, па потоа измешајте ги со пивото и со какаото.
  6. Смесата со брашно, сода бикарбона, какао и пиво додајте ја во садот со путерот, шеќерот и јајцата. Мешајте ги состојките со лажица додека добиете густа смеса.
  7. Добиената смеса претурете ја во намастениот сад и печете ја во загреаната рерна околу 70 минути, но проверувајте ја по половина час за да не ви загори. Готова е кога ќе добиете тврда, распукана површина.
  8. Извадете ја од рерна, извадете ја фолијата и оставете да се олади целосно.
  9. Во меѓуреме подгответе го филот: измиксирајте 65 грама путер со 130 грама шеќер во прав. Потоа кога ќе добиете кремаста смеса, додајте го темното чоколадо и повторно измиксирајте или изблендирајте.
  10. Оладената торта премачкајте ја со чоколадниот фил и одозгора изрендајте бело чоколадо.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Тарт со џем од малини
Дроб во кошулица
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Пита со карамелизирана тиква
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Тарт со вишни
Кнедли од џигер
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Посна сарма со праз и шампињони
Домашна пита со зелка (посно)
Тробоен куглов
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Печени компири со говедско месо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Кокос коцки
Лимон-колач
Штрудлички со јаболко (посно)
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: