Рецепти
Тробоен куглов Ана Ѓорова

Декоративен и вкусен колач што е одличен за на трпезата

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јајце(6 )

Ванилин шеќер(1 ќесичка )

Прашок за печиво(1 и пол ќесичка )

Шеќер(10 Супени лажици)

Брашно(9 Супени лажици)

Млеко(12 Супени лажици)

Масло(10 Супени лажици)

Какао(1 Супена лажица)

Алкохолен оцет(1 Супена лажица)

Сечкани ореви(3 Супени лажици)

Слатко од зелени смокви(10 смокви )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 50 минути

  1. Четири жолчки и две цели јајца се матат со 6 лажици шеќер и 1 ванила.
  2. Се додаваат 12 лажици млеко, потоа и 6 лажици масло, 5 лажици брашно и 1 прашок за печиво.
  3. Убаво се меша, па половина од смесата се истура во подмачкан калап за куглов и се пече 10-тина минути на 220 степени.
  4. Во втората половина од смесата се додава 1 лажица какао и се меша убаво да се изедначи.
  5. Се вади кугловот од рерна, се истура втората смеса врз првата и се продолжува со печење уште 10 минути.
  6. Се матат 4 белки со 4 лажици шеќер, 1 лажица алкохолен оцет, се додаваат 4 лажици брашно и 1/2 ќесичка прашок за печиво. Се додаваат и сечканите смокви и ореви и се соединува.
  7. Повторно се вади кугловот од рерната, па се додава третата смеса и се пече додека убаво зарумени.
  8. Печениот куглов се остава 5 минути да се олади, па се посипува со шеќер во прав и се сече на парчиња.
Банана лепче
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Туна ќофтиња
Здрава проја со тиквички
Посни колачи со локум
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Пилешки дроб и срца
Пита со блитва и со коприва
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Колач со круши и бадеми
Оревки
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Овесни барови со јаворов сируп

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: