Рецепти
Цимет торта (посно)
Богата и посна торта
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
ИнтернационалниКОМПЛЕКСНОСТ
СредноСЕРВИРАЊЕ
12 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Сок од јаболко(2 чаши + 1 литар )
Шеќер(2 чаши + 10 лажици )
Масло(4 Децилитри)
Џем од сливи(4 Супени лажици)
Брашно(4 Чаши)
Цимет(2 Кафени лажици)
Сода бикарбона(2 Кафени лажици)
Пудинг од ванила(180 Грама)
Посен маргарин(250 Грама)
Шеќер во прав(250 Грама)
Слатка растителна павлака(5 Децилитри)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 40 минути
Кори:
- Измешајте 2 чаши сок од јаболко со 2 чаши шеќер (чаши од 2 дл), па додајте го маслото, џемот од сливи и брашното помешано со сода бикарбона и цимет.
- Состојките изматете ги со миксер и поделете ги на три дела.
- Испечете три кори во подмачкан плех на 180°C околу 20 минути.
Фил:
- Во малку сок од јаболко разматете го пудингот, а преостанатиот 1 литар сок оставете го да зоврие со 10 лажици шеќер.
- Потоа додајте ја разматената смеса и мешајте додека да се згусне. Оставете да се излади. Повремено мешајте го пудингот да не се формира коричка.
- Маргаринот пенасто изматете го со шеќерот во прав, па соединете го со изладениот пудинг.
- Слатката павлака изматете ја во цврст шлаг.
Финална постапка:
- Тортата филувајте ја на следниот начин: кора, фил, шлаг, па повторно кора, фил, шлаг и уште еднаш, па завршете со шлаг.
- Тортата оставете ја во фрижидер за да се излади и послужете ја.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во