Рецепти
Тури потпечи (Ѓомлезе) Ана Ристеска

Вкусно македонско предјадење

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Пченкарно брашно(300 Грама)

Брашно(300 Грама)

Сирење(300 Грама)

Масло(150 Грама)

Вода

Сол

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 40 минути

  1. Во поголем длабок сад го ставаме белото брашно и посолуваме. Потоа  во садот почнуваме да додаваме вода и цело време матиме со миксер. Матиме додека не добиеме поретко мазно тесто.
  2. Во друг таков сад го ставаме пченкарното брашно и посолуваме. Почнуваме да додаваме вода и непрекинато матиме со миксерот. Матиме додека и од ова брашно не добиеме поретка мазна смеса.
  3. Тавата за печење ја попрскуваме со масло за јадење. Со црпалка во тавата ставаме од пченкарната смеса. Тавата ја ставаме во рерна, за да се потпече кората. Печеме неколку минути на температура од 250°C.
  4. Кората ја попрскуваме со со масло за јадење. Потоа врз пченкарната кора со црпалка ставаме од смесата од бело брашно. Тавата повторно ја ставаме во рерна за и оваа кора да се запече.
  5. Во чинија го ставаме сирењето и го дробиме со вилушка. Ја вадиме тавата од рерна и повторно попрскуваме со масло за јадење и во тавата ставаме од дробеното сирење.
  6. Повторно со црпалка ставаме од пченкарната смеса и ја враќаме тавата во рерна. Ја вадиме од рерна, попрскуваме масло за јадење и ставаме од смесата од белото брашно. Ја враќаме тавата во рерна за да се запече кората. Истата постапка ја повторуваме додека не ги потрошиме двете смеси и целото сирење.
  7. Ја вадиме тавата од рерна и со остар нож сечеме квадратни форми. Повторно ја враќаме тавата во рерна и оставаме предјадењето да порумени.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Здрава проја со тиквички
Тарт со џем од малини
Шеќерни прженки
Пита со блитва и со коприва
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Посни крокети со спанаќ
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Оревки
Сусам топчиња
Лут зелник
Тарт со вишни
Крокети од тиква и пармезан
Кнедли од крем сирење
Француско „селско“ месо
Кнедли од џигер
Енергетски залчиња од тиква
Тарт со праз
Пита со кисела зелка
Чај со брусница и зачини
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Топчиња од палента
Потпечен карфиол
Здраво чоколадно лепче
Ленени погачици
Чоколадни брауни од тиква
Брза пита од тиква

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: