Рецепти
Турски млечен пудинг Ана Ѓорова

Карамелизиран пудинг кој е популарен во турската кујна

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Млеко(7 Чаши)

Оризово брашно(3/4 Чаша)

Нишесте (пченкарен скроб)(1/4 Чаша)

Шеќер(1 Чаша)

Шеќер во прав(3 Супени лажици)

Екстракт од ванила(5 капки )

Маргарин(1/8 Чаша)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 40 минути

  1. Во среден сад ставете 1 чаша млеко со 3/4 чаши оризово брашно и добро промешајте ги со жица за матење. Постепено, мешајќи додавајте 1/4 нишесте. Мешајте добро за да нема грутки и додека смесата стане густа и кремаста.
  2. Во големо тенџере на умерен-силен оган ставете 6 чаши млеко и 1 чаша шеќер. Мешајте додека шеќерот се растопи и оставете смесата да зоврие, но не премногу. Важно е да се меша постојано.
  3.  Откако смесата малку ќе зоврие, додајте го ванила екстрактот и мешајте. Пополека додавајте ја смесата од брашно и нишесте со непрекинато мешање додека смесата се згусне.
  4. Мешајте околу 1-2 минути, па тргнете од оган. Покријте со проѕирна фолија и оставете настрана.
  5. Намастете тава со маргаринот, со лажица внимателно додавајте го шеќерот во прав низ целата тава. Површината на тавата треба целосно да биде покриена со тенок слој на шеќер во прав (3 мм).
  6. Ставете ја тавата со маргаринот и шеќерот на рингла на умерен кон силен оган и оставете додека да почнат да се прават меурчиња на површината (да почне да се карамелизира).
  7. Откако шеќерот ќе добие темна боја, прелијте 1/3 од пудингот и убаво распоредете слој во тавата ( со дебелина од 6мм). Веднаш намалете го огнот и оставете ги шеќерот и пудингот заедно да зовријат.
  8. Кога ќе почне смесата да зоврива и да се појавуваат балончиња на површината, исклучете го огнот и оставете ја смесата да се олади 5 минути.
  9. Потоа внимателно прелијте го останатиот пудинг во тавата и убаво изедначете го низ целата површина. Оставете да се олади, покријте со фолија и ставете го пудингот во фрижидер преку ноќ.
  10. Утредента превртете го пудингот врз голема чинија, исечете го на коцки и сервирајте го.
Банана лепче
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Туна ќофтиња
Здрава проја со тиквички
Посни колачи со локум
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Пилешки дроб и срца
Пита со блитва и со коприва
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Колач со круши и бадеми
Оревки
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Овесни барови со јаворов сируп

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: