Рецепти

Вегетаријанска манџа
Вкусен зеленчуков ручек со зачини и пикантен вкус
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
ВегетаријанскиКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Карфиол(1 Главица)
Грашок(200 грама замрзнат )
Морков(4 )
Бела репа(2 )
Домат(400 Грама)
Кромид(1 Главица)
Доматно пире(3 Супени лажици)
Павлака(150 Милилитри)
Чили пиперка(2 )
Ким(1/2 Кафена лажица)
Каранфилче(8 )
Бибер(неколку зрна )
Сусам(1 Кафена лажица)
Масло(1/2 Децилитар)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од минути
- Сипете го маслото во една тава, додајте го исечканиот кромид и пржете на оган 5 минути.
- Зголемете ја температурата, додајте го кимот, пиперот и лутото пиперче, па пржете ги со постојано мешање.
- Во еден сад измешајте ги павлаката и доматното пире, додајте ги исечканите моркови, репката, пиперчињата исечкани на ленти, па пржете ги 5 минути.
- Потоа додајте го исечканиот карфиол, а по 5 минути додајте го месото од доматите (од претходно излупените домати) и 4 дл топла вода. Посолете и оставете да зоврие водата.
- Намалете го огнот откако водата ќе зоврие и варете половина час.
- Потоа додајте го одмрзнатиот грашак и варете го 10 минути.
- Во меѓувреме загрејте една тава и во неа додајте ги каранфилчињата и сусамот, па пржете ги пола минута или додека не почнат да испуштаат арома.
- Потоа добро истолчете ги и додајте ги на зеленчукот заедно со малку морско оревче.
- Пет минути пред да го сервирате зеленчукот, тргнете го од оган.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во