Рецепти
Вегетаријанско тавче
Зеленчуково тавче што е многу лесно за јадење
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
ВегетаријанскиКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Модар патлиџан(1 )
Тиквичка(1 )
Морков(2 )
Зелена пиперка(2 )
Компир(3 )
Магдонос(1 Китка)
Црвен пипер(1 Супена лажица)
Масло(50 Милилитри)
Сол(1/2 Кафена лажица)
Вегета(1 Супена лажица)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 70 минути
- Сите намирници треба убаво да се измијат и да се излупат.
- Потоа зеленчукот се сечка на коцки со средна големина и се става во тава за печење.
- Се посолува по вкус и се додаваат зачините, црвениот пипер и 50 мл масло за јадење, како и вода да го покрие зеленчукот.
- Откако добро ќе се измеша, тавчето се покрива со фолија и се става во загреана рерна да се испече.
- По околу еден час, јадењето е готово и може да се сервира. Може пред крајот на печењето по желба да изрендате кашкавал, па да го вратите ручекот да се допече уште кратко.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во