Рецепти

Везени пиперки
Зимница од везени пиперки
ТИП НА РЕЦЕПТ
СалатиТИП НА КУЈНА
Македонска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
10 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Сува везена црвена пиперка(2 Килограми)
Есенција(3 Чаши)
Лук(2 Главици)
Магдонос(1 Китка)
Масло(2-3 Супени лажици)
Сол(по желба )
ПОДГОТОВКА
За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 60 минути
- Измијте ги пиперките и засечете им ги малку дршките, па потпечете ги.
- Во длабок сад ставете масло и откако пиперките ќе ги извадите од оган, веднаш ставете ги во маслото, провалкувајте ги и ставете ги во друг сад настрана.
- Откако сите пиперки ќе се испечат, наредете ги во тегла: ред пиперки, ред сечкан магдонос, ред сечкано лукче. Редете сè додека не се потрошат пиперките.
- Во сад на оган ставете 3 литри вода да зоврие.
- Откако водата ќе зоврие, тргнете го садот од оган и веднаш додајте есенција и сол.
- Со течноста налејте ги пиперките, врзете ги одозгора теглите и завиткајте ги во весници или крпи да отстојат 24 часа.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во