Рецепти
Здраво чоколадно лепче Ана Ристеска

Овој чоколаден десерт содржи состојка која никогаш нема да погодите дека ја има. Карфиол! Да, добро прочитавте. Не можете да го вкусите, а здравствените придобивки се безбројни (кожа, коса, нокти, варење, итн.)

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Сода бикарбона(1 Кафена лажица)

Јаболков оцет(1 Супена лажица)

Јајце(1 )

Белка од јајце(3 )

Карфиол(пире 1 1/2 Чаша)

Мед(2 Супени лажици)

Какао(1/2 Чаша)

Чоколадо од какао(по желба )

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 50 минути

  1. Ставете ги сода бикарбоната и јаболковиот оцет во сад.
  2. Потоа додајте ги јајцата и матете ги со миксер 1 минута.
  3. Потоа додајте ги останатите состојки, освен парчињата чоколадо и повторно матете со миксер додека не се соединат сите состојки.
  4. Сипете ја смесата во сад обложен со хартија за печење и одозгора поросете ги парчињата чоколадо.
  5. Печете го лепчете 25-30 минути на 180 степени.
  6. Почекајте целосно да се олади и послужете го.

 

Подготовка на пире од карфиол: Пола главица карфиол ставете ја во блендер и изблендирајте ја. Префрлете ја во сад и ставете ја во микробранова печка на 4 минути. Почекајте малку да се олади и потоа процедете го убаво во крпа за да ја извадите водата. Сувиот исцеден карфиол ставете го во колачот.

 

По желба можете да додадете и 2 супени лажици чоколаден протеин.

 

Крофни
Домашен сендвич сладолед
Здрава проја со тиквички
Тарт со џем од малини
Шеќерни прженки
Пита со блитва и со коприва
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Посни крокети со спанаќ
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Оревки
Сусам топчиња
Лут зелник
Тарт со вишни
Крокети од тиква и пармезан
Кнедли од крем сирење
Француско „селско“ месо
Кнедли од џигер
Енергетски залчиња од тиква
Тарт со праз
Пита со кисела зелка
Чај со брусница и зачини
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Топчиња од палента
Потпечен карфиол
Здраво чоколадно лепче
Ленени погачици
Чоколадни брауни од тиква
Брза пита од тиква

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: