Рецепти
Банана лепче Ана Ристеска

Ова е една од оние ужинки со кои нема да се чувствувате виновно ако изедете повеќе од едно парче. Бонус е што подготовката е мноогу едноставна и можете да го спремите за 10 минути, досадниот дел е чекањето додека се испече, но ако сте како мене и уживате во добри здрави БЛАГИ рецепти, се исплати 🙂

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Овесно брашно(1 Чаша)

Мелени бадеми(1 Чаша)

Ленено семе(мелено 1 Супена лажица)

Прашок за печиво(1/2 Кафена лажица)

Маслиново масло(1/4 Чаша)

Јајце(2 )

Зрела банана(3 мали или 2 средни )

Мед(1/4 Чаша)

Екстракт од ванила(1 Кафена лажица)

ПОДГОТОВКА
  1. Започнете со тоа што ќе ја загреете рерната на 180 степени.
  2. Сувите состојки ставете ги во еден сад и промешајте ги.
  3. Бананите згмечете ги со вилушка или изблендитрајте ги и ставете ги во садот.
  4. Потоа додајте ги и останатите состојки, убаво промешајте и сипете ја смесата во тавче кое е обложено со харија за печење.
  5. За декорација одозгора можете да ставите една банана пресечена на пола, како што направив јас.
  6. Ставете да се пече 40-45 минути и толку.

 

Интересен факт: Зрелите банани содржат јаглени хидрати, потасиум и витамин Б6, што ги прави одлични за пред или после вежбање.

Јафа бомбици
Банана лепче
Ванила бомбици
Колачиња со банана и урми
Пилешки дроб и срца
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Динстани јунешки ребра
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Динстано месо со печурки
Пилешки џигер во пиво
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Лазањи со болоњезе сос
Пилешко со лимон
Вкусна димена салама
Потпечена зелка со наут
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Вегетаријански плескавици
Тава со свинско месо и печурки
Крем салата со колбаси
Пинџур со суви везени пиперки
Малиџано салата
Тестенини со сос од туна
Лепчиња со лук и магдонос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: