Рецепти
Бисквит колач Ана Ѓорова

Сочен бисквит колач со интересен фил за кој не е потребно печење во рерна

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Бисквити(100 Грама)

Мелени бисквити(10 Супени лажици)

Шеќер(100 Грама)

Гриз(5 Супени лажици)

Ванилин шеќер(1 Пакување)

Бадеми(0.5 Шака)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 15 минути

  1. Во тенџере на оган ставаме шеќер, 1 ванилин шеќер и малку вода колку да го прекрие шеќерот. Промешуваме и го оставаме садот на тивок оган додека шеќерот не се растопи.
  2. Бисквитите ги кршиме на парчиња, а бадемите ги лупиме.
  3. Во зовриениот шербет ставаме гриз и 10 лажици мелени бисквити, го исклучуваме огнот и убаво промешуваме. Ги додаваме лупените бадеми и парчињата бисквити и сè убаво повторно промешуваме.
  4. Смесата ја претураме на алумиумска фолија и со раце формираме колач. Врз колачот ставаме уште неколку бадеми, го виткаме во фолијата и го оставаме настрана да се стегне.
  5. Кога бисквит колачот ќе се оформи и стегне, го сечеме на парчиња и украсуваме со бадеми по желба.
Сиров чоколаден тарт
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Бели топчиња
Колач со круши и бадеми
Оревки
Сусам топчиња
Колачиња зелени елки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Торта фантазија
Ролат со кокос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: