Рецепти
Боемски колач Ана Ристеска

Лесен и превкусен колач кој е одличен за секаква пригода

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Шеќер(150 Грама (за кората) + 9 Супени лажици (за филот) )

Мед(3 Супени лажици (за кората) )

Јајце(1 (за кората) )

Масло(200 Милилитри (за кората) )

Млеко(200 Милилитри (за кората) + 1,5 Литри (за филот) )

Сода бикарбона(1 Кафена лажица (за кората) )

Брашно(22 Супени лажици (за кората) + 9 Супени лажици (за филот) )

Нишесте (пченкарен скроб)(2 Кафени лажици (за филот) )

Маргарин(250 Грама (за филот) )

Црно чоколадо(200 Грама)

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 60 минути

Кори:

  1. Во тенџере се ставаат медот, шеќерот, јајцата, маслото, млекото и сода бикарбоната. Се заедно се остава на рингла да врие со постојано мешање додаке да добие кафена боја.
  2. Потоа се трга од оган, се додава брашното, се замесува тесто, кое се дели на 4 дела.
  3. Секој дел се развлекува на превртен подмачкан плех и се пече на 200 степени околу 30 минути.

Фил:

  1. Брашното и густинот се разматуваат со малку млеко, а остатокот од млекото се остава да зоврие со шеќерот. Потоа се додава разматеното брашно и се меша да се згусне. Се трга од оган и се остава да се излади.
  2. Маргаринот посебно пенесто се мати, па се соединува со изладениот крем.

Финална постапка:

  1. Колачот се филува на вообичаен начин: кора, фил со тоа што ќе завршите со кора.
  2. за глазурата се топи чоколадото со малку масло и се прелива преку колачот. Се лади и се сече.
Сиров чоколаден тарт
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Бели топчиња
Колач со круши и бадеми
Оревки
Сусам топчиња
Колачиња зелени елки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Торта фантазија
Ролат со кокос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: