Рецепти
Божиќни колачиња со ѓумбир Ана Ѓорова

Разубавете ја Вашата трпеза со овие колачиња и внесете радост во домот!

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(3 Чаши)

Прашок за печиво(1 Кафена лажица)

Сол(1/2 Кафена лажица)

Ѓумбир во прав(2 Кафени лажици)

Цимет(1 Кафена лажица)

Морско оревче(1/2 Кафена лажица)

Каранфилче(1/2 Кафена лажица)

Путер(3/4 Чаша)

Кафеав шеќер(3/4 Чаша)

Меласа(2/3 Чаша)

Јајце(1 големо )

Екстракт од ванила(1 Кафена лажица)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 20 минути + 2 часа во фрижидер

  1. Во голем сад изматете ги путерот (кој претходно треба да биде омекнат, да го оставите малку на собна температура) и шеќерот со миксер да добиете пенаста смеса. Додајте ја моласата и јајцето и повторно измиксирајте.
  2. Додајте го брашното, зачините, печивото и солта и сè убаво измешајте со миксер додека не добиете хомогена смеса.
  3. Тестото поделете го на половина и обвиткајте го секој дел со проѕирна фолија. Притиснете со прстите и ставете ги тестата во фрижидер два до три часа.
  4. Загрејте ја рерната на 176°C.
  5. Еден дел од тестото расукајте го (половина сантиметар) на малку набрашнета површина. Повторете ја постапката со другото тесто.
  6. Од расуканите теста вадете форми со посебни модли. Просторот што ќе остане од формите, замесете го, повторно расукајте го, па извадете уште колачиња.
  7. Префрлете ги колачињата во тава со намастена хартија за печење и печете ги во загреаната рерна околу 10-15 минути. Оставете ги целосно да се оладат.
  8. Декорирајте ги со помош на готварски шприц со шлаг.
Сиров чоколаден тарт
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Бели топчиња
Колач со круши и бадеми
Оревки
Сусам топчиња
Колачиња зелени елки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Торта фантазија
Ролат со кокос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: