Рецепти

Брза пита од тиква
Лесен и многу вкусен десерт кој е здрав, лесен за варење, богат со протеини и без рафиниран шеќер
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
Здрава хранаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
6 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Тортиљи(1 )
Пире од варена тиква(2 Чаши)
Цимет(2 Кафени лажици)
Мед(3 Супени лажици)
Грчки јогурт(200 Грама)
Желатин(1 Пакување)
Вода(млака 3/4 Чаша)
Протеин од тиква(1 полна Супена лажица)
ПОДГОТОВКА
Овој рецепт се подготвува за помалку од 20 минути
- Во длабок сад за печење ставете една поголема или три помали тортиљи. Притиснете ги така што ќе ја заземат формата на садот и ставете да се печат 10 минути во загреана рерна на 180 степени. Потоа извадете го садот и тргнете го на страна за тортиљите да се оладат.
- Во меѓувреме пирето од тиква ставете го во тенџере на тивок оган заедно со медот и циметот и гответе го додека смесата не стане млака.
- Од кога ќе се стопли префрлете ја во блендер заедно во желатинот кој го имате претходно растопено во 3/4 чаша со топла вода. Доколку сакате сега можете да додадете и протеин од семки од тиква. Блендирајте 1 минута.
- Потоа додајте го грчкиот јогурт, повторно блендирајте и смесата претурете ја врз печените тортиљи во садот. Ставете ја питата во фрижидер да стои минимум 4 часа или преку ноќ.
- Послужете ја со џем по желба.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во