Рецепти
Cheesecake
Освежителен десерт кој е широко познат и омилен на сите возрасти
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
ИнтернационалниКОМПЛЕКСНОСТ
СредноСЕРВИРАЊЕ
8 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Мелени бисквити(150 Грама)
Путер(75 Грама)
Млеко(3 Кафени лажици)
Крем сирење(500 Грама)
Слатка павлака(500 Милилитри)
Шеќер(28 Кафени лажици)
Ванилин шеќер(1 Пакување)
Желатин(2 Пакувања)
Јагоди(680 Грама)
Рендана кора од лимон(1 Кафена лажица)
Свеж сок од лимон(1 Кафена лажица)
ПОДГОТОВКА
Овој рецепт се подготвува за помалку од 30 минути
ТЕСТО
- Во бисквитите сипете го стопениот путер и промешајте. Додајте го и млекото.
- Сметата префрлете ја во округол сад и со прстите рамномерно распоредете ја и натапкајте ја.
ФИЛ
- Двете кесички желатин ставете ги во водата и оставете да набубрат.
- Крем сирењето и 12 лажици шеќер измешајте ги со миксер. Додајте ја слатката павлака и повторно промешајте, но овој пат со лажица.
- Желатинот загрејте го се додека не се стопи и стане целосно течен. Додајте го во белата смеса. Убаво соединете ги сите состојки.
- Со ладна вода премачкајте ги рабовите на садот и сипете ја смесата рамномерно.
- Вака тортата ставете ја во фрижидер да се стегне 4-5 часа.
ПРЕЛИВ
- Јагодите и 16 лажици шеќер ставете ги во сад и промешајте. Испасирајте ги јагодите со вилушка.
- Ставете го садот со јагодите да врие на висока темература околу 5 минути со повремено мешање.
- Со лажица отстранете ја пената ако се појави и додајте ги кората и сокот од лимон.
- Смесата оставете ја да зоврие, и нека врие 2 минути и кога ќе се направи пена, повторо отстранете ја.
- Оставете преливот да се олади и кога ќе биде собна температура сипете го врз тортата.
Тортата чувајте ја во фрижидер.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во