Рецепти
Чизкејк Ана Ристеска

Вкусен колач со крем сирење и суво грозје по француски рецепт кој сигурно ќе ви се допадне

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(250 Грама)

Путер(125 Грама)

Шеќер во прав(30 Грама)

Сол(4 Грама)

Јајце(1 )

Млеко(15 Милилитри)

Крем сирење(300 Грама)

Жолчка од јајце(4 )

Рендана кора од лимон(од 1/2 лимон )

Пченкарно брашно(40 Грама)

Белка од јајце(4 )

Шеќер(140 Грама)

Суво грозје(30 Грама)

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 80 минути

  1. Во длабок сад ставете ги брашното и омекнатиот путер. Замесете ги со раце за да се соединат. Додајте ги јајцето, млекото, солта, шеќерот во прав и матете додека не се соедини смесата. Завиткајте го тестото во проѕирна фолија и ставете го во фрижидер 1 час. Потоа тестото расукајте го со сукало за да биде околу 4 мм дебело и ставете го во садот во кој ќе го подготвувате чизкејкот. Поросете го тестото одозгора со суво грозје и тргнете го на страна.
  2. Со миксер матете ги заедно крем сирењето, жолчките, кората од лимон и пченкарното брашно.
  3. Во друг сад матете ги белките со шеќерот додека не се формира цврст шлаг.
  4. Внимателно сипете ги изматените белки во смесата со жолчките и измешајте ги двете смеси.
  5. Сипете ја смесата врз тестото и израмнете ја со лажица. Печете го колачот во загреана рерна на 160 степени околу 60 минути.
  6. Кога чизкејкот ќе се испече, оставете го целосно да се олади и послужете го декориран со шеќер во прав.
Јафа бомбици
Банана лепче
Овошен киноа појадок
Сиров чоколаден тарт
Кремаста паста со печурки без масло
Овесни палачинки со банана
Банана залчиња
Туна ќофтиња
Ванила бомбици
Здрава проја со тиквички
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Баклава со јаболки
Шеќерни прженки
Пилешки дроб и срца
Салата со соја и шампињони
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Смути од јапонски јаболки и круши
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Динстани јунешки ребра
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: