Рецепти
Чизкејк со лубеница
Непечен колач со крем сирење за освежување во летните денови
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
Американска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
10 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Бисквити(180 Грама)
Путер(80 грама )
Шеќер(1 лажица (за пандишпан) )
Слатка павлака(200 Милилитри)
Крем сирење(250 Грама)
Кисело млеко(150 Грама)
Рендана кора од лимон(малку )
Свеж сок од лимон(неколку капки )
Жолчка од јајце(2 )
Шеќер(200 грама (за филот) )
Лубеница(250 Грама)
Шеќер(100 грама (за преливот од лубеница) )
Желатин(1 Пакување)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 40 минути + неколку часа во фрижидер
- Бисквитите сомелете ги и измешајте ги со лажица шеќер и со растопениот путер.
- Смесата добро соединете ја и натапкајте ја во кружен сад (18-20см) врз хартија за печење убаво со лажица да се залепи за дното.
- Оставете го пандишпанот половина час да отстои во фрижидер.
- Во меѓувреме подгответе го шербетот од лубеница: лубеницата убаво исчистете ја од семките, исечкајте ја и изблендирајте ја со 100 г шеќер, па ставете ја во тенџере.
- Тенџерето ставете го на оган и кога ќе зоврие течноста додајте го желатинот и мешајте неколку минути смесата да врие.
- Тргнете го тенџерето од оган и оставете ја смесата целосно да се олади на собна температура.
- Почнете со подготовка на филот од крем сирење: во сад со помош на жица за матење измешајте ги крем сирењето и киселото млеко (претходно исцедете ги) и оставете ги настрана. *Напомена: сите состојки за филот треба да се претходно добро ладни од фрижидер.
- Во друг сад пенасто со миксер изматете ги жолчките со 200 г шеќер.
- Во трет сад со миксер матете ја слатката павлака да добиете цврст крем (околу 5-10 минути).
- Сите состојки соединете ги и добро измешајте ги.
- Додајте и рендана кора од лимон и малку сок и прстофат сол, па повторно измешајте.
- Тортата извадете ја од фрижидер, одозгора премачкајте со фил од крем сирење, па на површината додајте го ладниот прели од лубеница.
- Тортата наросете ја со кокос и оставете ја најмалку 2 часа во фрижидер пред послужување.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во