Рецепти
Чизкејк со цреши Ана Ѓорова

Летна, непечена, овошна торта

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Бисквити(200 Грама)

Путер(80 Грама)

Цреши(500 Грама)

Шеќер(80 Грама)

Цимет

Рикота сирење(250 Грама)

Крем сирење(250 Грама)

Шеќер во прав(50 Грама)

Слатка павлака(200 Грама)

Желатин(10 Грама)

Мармалад од цреши(100 Грама)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 40 минути

  1. Путерот растопете го и оставете го настрана, а бисквитите сомелете ги.
  2. Потоа измешајте ги и ставете ја смесата во кружен калап за торти. Убаво распоредете и натапкајте ја, па ставете ја во фрижидер 30 минути.
  3. Во меѓувреме измијте ги црешите и исчистете ги од дршките и од семките. Гответе ги 10-тина минути на рингла во тава на умерен оган заедно со малку цимет и со шеќерот.
  4. Во друг сад со миксер пенасто изматете ги шеќерот во прав, рикота сирењето и крем сирењето.
  5. Додајте ги црешите, претходно исцедете ги од сокот и исечкајте ги, и измешајте со лажица.
  6. Желатинот оставете го да отстои во вода, потоа измешајте го во топлиот сок од црешите да се растопи, па на крај додајте го со црешите и со кремот и мешајте да се соедини смесата.
  7. Слатката павлака изматете ја посебно со миксер во шлаг и додајте ја во смесата и измешајте со лажица.
  8. Ставете ја смесата во садот врз бисквитите и убаво израмнете. Оставете во фрижидер најмалку 3 часа.
  9. Потоа на површината премачкајте со мармалад од цреши и декорирајте со свежи цреши.
Сиров чоколаден тарт
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Бели топчиња
Колач со круши и бадеми
Оревки
Сусам топчиња
Колачиња зелени елки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Торта фантазија
Ролат со кокос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: