Рецепти
Чоколадна парфе торта со ореви
Одлична торта што може да ја подготвите за родендени и слични пригоди
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
ИнтернационалниКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
12 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
65 - 120 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Јајце(8 )
Црно чоколадо(200 Грама)
Слатка павлака(200 Милилитри)
Шеќер(16 Супени лажици)
Мелени ореви(8 Супени лажици)
Сечкани ореви(8 Супени лажици)
Ореви(200 г потпечени и сечкани )
Брашно(1 Супена лажица)
Ванилин шеќер(1 Пакување)
Желатин(1 ќесичка )
Вода(50 Милилитри)
Шлаг крем ванила(2 ќесички )
Шеќер во прав(100 Грама)
Млеко(200 Милилитри)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 90 минути
Пандишпан
- Белките изматете ги со миксер, постепено додавајте 8 лажици шеќер и матете додека да се растопи.
- Потоа додајте ги брашното, 8 лажици мелени ореви и 8 лажици сечкани ореви и мешајте со лажица додека смесата се соедини.
- 40 грама од чоколадото крупно изрендајте го, додајте го во садот и промешајте, па целата смеса претурете ја во тркалезен калап за печење обложен со хартија.
- Печете 40 минути во рерна на 180 степени.
Фил
- Жолчките со 8 лажици шеќер и 1 ванилин шеќер ставете ги во тенџере на пареа и матете со миксер додека шеќерот се растопи.
- Преостанатото чоколадо искршете го на парчиња и додајте го во садот со кремот, матете со миксер додека да се растопи.
- Во друг сад посебно изматете ја слатката павлака додека да ја добие потребната цврстина.
- Потоа со миксер изматете го изладениот крем, додајте 1 преполна лажица изматена павлака и 200 г потпечени исечкани ореви, па матете да се соедини смесата.
- Желатинот растопете го со 50 мл вода, ставете го во тенџере и мешајте со лажица додека зоврие.
- Изладениот желатин додајте го во садот со смесата и мешајте со лажица додека филот се соедини.
Финална постапка
- Пандишпанот исечете го на 2 еднакви дела; првата кора ставете ја во чинија за торта и на чинијата ставете го страничниот дел од калапот за печење.
- Врз првата кора нанесете го филот и прекријте го со втората кора пандишпан, па ставете ја тортата во замрзнувач.
- Откако убаво ќе се излади, декорирајте ја целата торта по желба со готварски шприц со шлагот: изматете го прашокот за шлаг со шеќерот во прав и млекото додека ја добие потребната цврстина.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во