Рецепти
Чоколадна торта со лешници Ана Ѓорова

Наместо амарето, може да употребите сок од портокал или друг вид ликер

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Лешник(250 Грама)

Путер(200 Грама)

Црно чоколадо(200 Грама)

Јајце(6 )

Шеќер(200 Грама)

Амарето(3 Супени лажици)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Загрејте ја рерната на 200°C.
  2. Ставете ги лешниците во тавче со хартија за печење и печете ги во рерната околу 10 минути додека добијат златнокафена боја. Протресете го тавчето неколку минути пред крајот и внимавајте да не изгорат. Извадете ги и оставете ги да се оладат неколку минути.
  3. Намалете ја рерната на 180°C.
  4. Сомелете 200 грама од лешниците во блендер.
  5. Путерот исечен на коцки и кршеното чоколадо ставете ги да се топат на пареа. Мешајте додека чоколадото целосно се растопи и оставете настрана да се излади 5 минути.
  6. Матете ги јајцата и шеќерот заедно со миксер околу 5 минути додека да добиете кремаста смеса, па потоа измешајте ги со лажица во смесата од топеното чоколадо.
  7. Смесата ставете ја во огноотпорен сад со намачкана хартија за печење со путер и печете ја 35-40 минути.
  8. Кога тортата ќе се испече, оставете ја добро да се излади, превртете ја и отстранете ѝ ја хартијата за печење, па одозгора декорирајте со чоколадо и сечкани лешници.
Весела торта
Пуслици со ореви
Посни медени колачи
Суви колачи со лешници
Овошна векна
Колач од дуњи
Шеќерни јаболки
Лимон-колач
Руски колач со афион
Чоколаден куглоф
Туткана гибаница
Посен колач со кафе
Посен колач со мармалад од сливи
Колач со медени срца
Цимет ролнички со бадеми
Жолт куглов колач
Бисквит торта со јаболки
Пудинг колач со јаболки
Колач од моркови со крем
Чоколаден колач со јаболки и ореви
Еврејски колач
Француски штангли
Штангли со костен и чоколадо
Алегро колач
Бабин колач со јаболко
Блум штангли
Шербет пита со јаболки
Баклава со рогач и јаболки
Улутма од ореви
Лешник коцки

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: