Рецепти
Чоколадни брауни од тиква Ана Ристеска

Никогаш нема да погодите дека овие превкусни чоколадни брауни колачи се без брашно и млеко. Одличен здрав десерт за сезонава

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јајце

Жолчка од јајце

Пире од варена тиква(1 Чаша)

Органски кокосов шеќер(3/4 Чаша)

Мед(2 Супени лажици)

Кокосово масло(3 Супени лажици)

Екстракт од ванила(2 Кафени лажици)

Какао(1 Чаша)

Сода бикарбона(1/2 Кафена лажица)

Хималајска сол(1 Прстофат)

Чоколадо од какао(сечкано 1/2 Чаша)

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 40 минути

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени. Тава за печење обложете ја со хартија за печење.
  2. Во сад измешајте ги тиквата, јајцето, жолчката, кокосовиот шеќер, медот, кокосовото масло и ванилата. Потоа додајте го просеаното какао, прашакот за печиво и солта и убаво промешајте.
  3. Додајте ги парчињата црно чоколадо, промешајте и сипете ја смесата во садот за печење.
  4. Печете ги 20-22 минути. Внимавајте да не ги препечете.
  5. Почекајте целосно да се оладат и послужете ги.
Сиров чоколаден тарт
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Бели топчиња
Колач со круши и бадеми
Оревки
Сусам топчиња
Колачиња зелени елки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Торта фантазија
Ролат со кокос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: