Рецепти
Далматинец торта Ана Ристеска

Овој рецепт е лесен за подготвување и за јадење

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јајце(6 )

Шеќер(27 Супени лажици)

Масло(2 Супени лажици)

Брашно(12 Супени лажици)

Прашок за печиво(1 )

Млеко(1 литар + 600 мл )

Какао(2 Супени лажици)

Пудинг од чоколадо(3 )

Шлаг во прав(2 Пакувања)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 40 минути

Бело тесто

  1. 6 белки и 6 лажици шеќер се матат со миксер.
  2. Откако ќе се изматат се додаваат 1 лажица масло, 6 лажици брашно и 1/2 прашок за пециво.
  3. Се мешаат убаво со лажица.
  4. Добиената смеса се става лажица по лажица во тепсија намрсена со маргарин.

Црно тесто

  1. 6 жолчки и 6 лажици шеќер се матат со миксер.
  2. Потоа се додаваат 100 мл млеко, 1 лажица масло, 6 лажици брашно, 2 лажици какао и 1/2 прашок за пециво.
  3. Се мешаат убаво со лажица.
  4. Црниот дел се става наизменично врз белиот фил лажица по лажица – тестото не се рамни.
  5. Се пече на 200 – 250 степени.
  6. Откако ќе се испече, тортата се полева со половина литар млеко зовриено со 5 лажици шеќер. Тортата се остава да се олади пред да се полие со топлото млеко.

Фил

  1. Еден литар млеко се вари во тенџере, па се мешаат 3 пудинга од чоколадо (или друг пудинг по желба) и 10 лажици шеќер.
  2. Се меша смесата да се свари пудингот и да згусне.
  3. Кога ќе се свари пудингот се остава да се подолади.
  4. Потоа се меша со 1 коцка маргарин
  5. Тортата се премачкува со филот, одозгора се ставаат 2 матени шлага и се декорира со рендано чоколадо.
Јафа бомбици
Банана лепче
Овошен киноа појадок
Сиров чоколаден тарт
Кремаста паста со печурки без масло
Овесни палачинки со банана
Банана залчиња
Туна ќофтиња
Ванила бомбици
Здрава проја со тиквички
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Баклава со јаболки
Шеќерни прженки
Пилешки дроб и срца
Салата со соја и шампињони
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Смути од јапонски јаболки и круши
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Динстани јунешки ребра
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: