Рецепти
Фаџ со суви смокви
Непечен колач со суво овошје и урми за вкусен десерт
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
Американска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
СредноСЕРВИРАЊЕ
10 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Суво грозје(1 Чаша)
Суви смокви(10-12 )
Урми(5 )
Бадеми(или ф'стаци 1/4 чаша ситно сечкани )
Маслиново масло(2 Супени лажици)
Шеќер(2 Супени лажици)
Екстракт од ванила(1 Кафена лажица)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 40 минути
- Сувото грозје, сувите смокви и урмите (свежи) потопете ги во ладна вода и оставете ги да отстојат најмалку 4 часа или уште подобро преку ноќ. Ова ќе ги омекне и полесно ќе ги сомелете. Може и сами да направите суви смокви ( рецепт: https://moemeni.mk/?cs_recepti=suvi-smokvi )
- Утредента добро исцедете ги од водата, исчистете ги семките од урмите и добро изблендирајте ги да добиете хомогена кремаста смеса.
- Бадемите (или ф’стаците) исечкајте ги и потпечете ги во тава (без масло) околу 5 минути на умерен оган.
- Во вок тава загрејте малку масло, претурете ја смесата со сувото овошје и гответе на умерен оган 10-15 минути. Мешајте и гответе додека смесата се згусне.
- Потоа додајте ги сечканите јатки и шеќерот, па гответе уште 10 минути. Смесата треба да се згусне како мека топка и да не се лепи на страните од вок тавата.
- Извадете ја смесата од тавата и измешајте го екстрактот од ванила.
- Огноотпорен четвртаст сад премачкајте го со масло или обложете го со хартија за печење, па распоредете ја смесата.
- Колачот оставете го во фрижидер пред послужување, па потоа исечете го на коцки, посипете го со шеќер во прав и послужете.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во