Рецепти
Гулаш во корпи од леб Ана Ѓорова

Декоративен и богат ручек во интересна чинија

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 90 минути + 24 часа да се маринира месото

  1. Јунешкото месо (или месо од дивеч) се остава да отстои во маринада 24 часа од вода, вино, оцет, целер, пашканат, ловоров лист, зрна црн бибер, кромид и зелка.
  2. Потоа другиот ден се мие месото и се сечка на ситни коцки.
  3. Се пржи во посебно тенџере 1 главица сечкан кромид, 2 моркови сечкани на коцки, 1 исечкан целер, 1 исечкан пашканат, корен од магдонос или магдонос.
  4. Откако убаво ќе се пропржи и ќе омекне зеленчукот, се додава месото, се налева со 200 г црвено вино и 1 чашка ракија. Целата смеса убаво се динста, па се зачинува со сол, бибер, вегета.
  5. Компирите (млади компири со големина на орев) се лупат, се варат, па се валкаат во брашно и јајца и се пржат.
  6. Така подготвените компири се ставаат во гулашот.
  7. Се додаваат и суви сливи без семки, ловоров лист и продолжува да се динста течноста.
  8. Во меѓувреме се подготвуваат корпите: триците се мешаат со 250 грама бело брашно, 1 квасец и 1 печиво. Се додава 200 милилитри вода и се замесува тесто.
  9. Од тестото се прават топчиња. Прво едно големо топче колку 1 мала тацна (околу 100 г тесто). Врз него се става мало топче за држач.
  10. Се печат не многу за да не изгорат.
  11. Кога ќе бидат готови, се сече капаче. Се вади средината од топчето со лажиче и се полни со гулаш. Се поклопува со отсеченото капаче и се послужува.
Пуслици со ореви
Дроб во кошулица
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Динстани јунешки ребра
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Потпечена зелка со наут
Тарт со праз
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Чоколадни кроасани
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Филе Велингтон
Ленени погачици
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Лимон-колач
Руски колач со афион
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Пикантно свинско
Пита масленица
Куглов погача со сирење

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: