Рецепти
Хот дог на скара Ана Ѓорова

Богат домашен хот дог на скара со интересна мешавина, разновидни сосови и салата, погоден за ручек или вечера

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Сланина(2 Парчиња)

Кромид(1 Главица)

Сос за скара(2 Кафени лажици)

Кумин(1 Кафена лажица)

Кечап(3 Супени лажици)

Црн грав(425 Грама)

Лупени домати од конзерва(420 Грама)

Чили сос(3 Супени лажици)

Билно масло(2-3 Супени лажици)

Колбас(4 )

Кифли(4 )

Рендан кашкавал(1 Чаша)

Млад кромид(1 )

Павлака(1-2 Супени лажици)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 40 минути

  1. Пржете ја сланината од двете страни на умерен оган околу 3-4 минути додека не стане крцкава.
  2. Потоа во тавата за пржење додајте го кромидот, сосот за скара и куминот, па гответе додека не омекне кромидот, околу 3 минути.
  3. Додајте го кечапот и гответе додека малку не потемне, 2-3 минути.
  4. Додајте го готовиот грав, доматите од конзерва, чили сосот и 1 чаша вода, а потоа покријте и оставете да зоврие. Повремено мешајте додека смесата не се згусне, околу 20-тина минути.
  5. Во меѓувреме подгответе ја скарата и намастете ја со билно масло. Печете ги колбасите од двете страни околу 10 минути, додека малку не потемнат и не се испечат. Испечете го и лепчето за хот дог по желба.
  6. Наросете рендан кашкавал во секое од кифлите, ставете ги колбасите, ставете од мешавината со грав и домати, а потоа додајте повеќе кашкавал.
  7. На крај, додајте по желба млад кромид, павлака и уште чили сос или bbq сос.
Чоколадни палачинки
Колач од моркови со крем
Чоколаден брауни колач со малини
Леб од тиква
Фаџ со суви смокви
Колачиња со ѓумбир и чоколадо
Вегански чизкејк со боровинки
Тарт со круши и малини
Американски овесни палачинки
Мохито со лубеница
Мохито со ананас
Мохито со малини
Чизкејк со лубеница
Нутела мафини
Палачинки со лимон и афион
Торта од лимон и боровници
Чизкејк со цреши
Каипироска коктел со јагоди
Мус од јагоди
Мини чизкејк со јогурт
Пилешки ражничи на хавајски начин
Пинаколада
Орео милкшејк
Куба либре коктел
Браунис со орео колачи
Мохито
Американски палачинки во сос од јагоди
Колачи на стапче
Чоколаден фаџ
Американски палачинки со овошје

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: