Рецепти
Интегрални лепчиња (хроно)
Појадок што е погоден за оние кои се на хроно диета, но и како здрава замена за обичниот леб
ТИП НА РЕЦЕПТ
ПојадокТИП НА КУЈНА
Здрава хранаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
6 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
65 - 120 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
'Ржано брашно(2 Чаши)
Јачменово брашно(1 Чаша)
Прашок за печиво(1 кесичка )
Сол(1 Кафена лажица)
Газирана вода(2-2 и пол чаши )
Маслиново масло(1 чашка за ракија )
Лимон(1/2 )
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 90 минути
- Во сад се мешаат брашното, кесичка печиво, солта, сода и семките.
- Потоа во садот со сувите состојки се додаваат маслиновото масло, киселата вода (2-2 и пол чаши) и се меша со лажица да биде меко тестото.
- На крај се додава сок од половина лимон, се меша и се остава 1 час покриено со фолија за да не фати коре темна боја.
- Потоа со мокри раце се прават топчиња, се притискаат малку и им се истураат семки. Се притискаат за да се залепат семките, се засекуваат со нож по две плитки рецки и се посипуваат со морска сол.
- Лепчињата се печат во рерна на 180 степени (со вентилатор), околу 30 минути. Се редат на решетка за да се оладат.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во