Рецепти
Кнедли со говедско месо во сос од јогурт Ана Ѓорова

Турски традиционален рецепт кој се нарекува ”Manti”, а се состои од полнети кнедли со месо, прелиени со сос од јогурт, кромид, црвен пипер и масло.

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(2 Чаши)

Сол(1/2 Кафена лажица)

Јајце(2 )

Вода(1/2 Кафена лажица)

Кромид(2 Главици)

Мелено говедско месо(225 Грама)

Бибер(1 Кафена лажица)

Билно масло(3 Супени лажици)

Црвен пипер(1 Супена лажица)

Црвен кромид(1 Супена лажица)

Јогурт(225 Грама)

Суво нане(1 Кафена лажица)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Во поголем пластичен сад измешајте го брашното, солта, јајцата и водата и мешајте убаво со дланките. Ако има потреба додајте повеќе вода за поретка смеса. Покријте го тестото и оставете да отстои 30-тина минути.
  2. Кромидот ситно иечкајте го или изрендајте го и ставете го да отстои во цедалка. Кога ќе се исцеди, фрлете ја течноста, а кромидот измешајте го со меленото месо, сол и бибер. Мешајте убаво со лажица додека смесата целосно не се соедини.
  3. Отстоеното тесто поделете го на два дела. На набрашнета површина, расукајте ги на правоаголници, што е можно потенко. Со нож исечете го тестото на квадрати со димензии од 5 сантиметри.
  4. Во средината на секој квадрат ставете по 2 лажици од смесата со месо. Свиткајте ги краевите од тестото и убаво затворете го, а потоа на сите парчиња додајте им повеќе брашно за да не се лепат. Постапката повторете ја додека не се потроши тестото.
  5. Во големо тенџере на оган ставете солена вода и кога ќе зоврие, ставете ги парчињата подготвено тесто. Гответе ги 20-25 минути додека не омекнат и потоа исцедете ги.
  6. Во меѓувреме загрејте го маслото и ставете го црвениот пипер. Промешајте 1-2 минути само колку маслото да се обои, внимавајте да не се изгори.
  7. Исечканиот црвен кромид измешајте го со јогуртот и оставете го во сад настрана.
  8. Пред послужување, ставете врз готовите парчиња тесто од јогуртот и одозгора полијте ги со врело масло и црвен пипер и наросете малку суво нане.
Јафа бомбици
Банана лепче
Ванила бомбици
Колачиња со банана и урми
Пилешки дроб и срца
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Динстани јунешки ребра
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Динстано месо со печурки
Пилешки џигер во пиво
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Лазањи со болоњезе сос
Пилешко со лимон
Вкусна димена салама
Потпечена зелка со наут
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Вегетаријански плескавици
Тава со свинско месо и печурки
Крем салата со колбаси
Пинџур со суви везени пиперки
Малиџано салата
Тестенини со сос од туна
Лепчиња со лук и магдонос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: