Рецепти
Колачиња со банана и урми Ана Ристеска

Брз, лесен и здрав десерт без шеќер во кој ќе уживате без грижа на совест 🙂

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Банана(2 )

Кокосови снегулки(1 1/2 Чаша)

Кокосово масло(2 Супени лажици)

Сода бикарбона(1 Кафена лажица)

Сол(1 Прстофат)

Урми(7 )

Таан од сусам(1 Супена лажица)

Мед(1 Супена лажица)

Какао(2 Супени лажици)

Кокосово масло(стопено за преливот 1/4 Чаша)

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 30 минути

  1. Бананите, кокосовите снегулки, сода бикарбоната, кокосовото масло и солта ставете ги во блендер и блендирајте ги додека не се добие хомогена смеса.
  2. Урмите исечкајте ги на коцки.
  3. Смесата од блендерот префрлете ја во сад и додајте ги исечканите урми. Промешајте и доколку сакате додајте сечкани бадеми.
  4. Со раце формирајте ги колачињата и ставете ги да се печат на тава обложена со хартија за печење во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.
  5. Кога ќе бидат готови оставете ги да се оладат а за тоа време подгответе го чоколадниот прелив.
  6. Измешајте ги заедно таанот од сусам, медот, кокосовото масло и какаото.
  7. Декорирајте ги со чоколадниот прелив по желба.
Јафа бомбици
Банана лепче
Овошен киноа појадок
Сиров чоколаден тарт
Кремаста паста со печурки без масло
Овесни палачинки со банана
Домашен сендвич сладолед
Банана залчиња
Туна ќофтиња
Ванила бомбици
Здрава проја со тиквички
Колачиња со банана и урми
Смути од јапонски јаболки и круши
Овесни колачиња
Овесни барови со јаворов сируп
Енергетски залчиња од тиква
Смути со киви и банани
Чоколаден чиа пудинг со портокал
Чај со јаболко
Полнета пастрмка во црно вино (посно)
Здраво чоколадно лепче
Чоколадни брауни од тиква
Палачинки од сладок компир
Пудинг од брусница и портокал
Печен лосос со лук и магдонос (посно)
Пица од карфиол
Утринска каша од овес и чиа
Брза пита од тиква
Здрав џем од ѓумбир
Смути со калинки

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: