Рецепти
Кошнички со вишни Ана Ѓорова

Вкусни колачиња со шербет од вишни кои се одличен десерт за секаква пригода

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Вода(1 чаша млака (за кората) )

Шеќер(1 чаша (за кората) )

Масло(1/2 чаша (за кората) )

Џем од кајсии(или друг 1,5 лажица (за кората) )

Гриз(5 лажици (за кората) )

Прашок за печиво(1/2 (за кората) )

Ванилин шеќер(1/2 (за кората) )

Сода бикарбона(1/2 лажичка (за кората) )

Брашно(1 чаша (за кората) )

Вода(200 милилитри (за филот) )

Вишни(200 грама (за филот) )

Шеќер(200 грама (за филот) )

Пудинг од ванила(2 )

Вода(300 Милилитри)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 40 минути

  1. Во сад додаваме 1 чаша млака вода, па го додаваме шеќерот и мешаме со лажица.
  2. Потоа едно по едно ги додаваме маслото, џемот, гризот, печивото, ванилиниот шеќер, содата и брашното. Сето ова го мешаме со лажица додека добиеме хомогена смеса.
  3. Смесата ја оставаме да отстои додека да се загрее рерната (ја загреваме на 200 степени).
  4. Кошничките за мафини ги полниме со смесата до половина. Печеме на 200 степени околу 5 минути, па намалуваме постепено на 170 степени, потоа и на 150 степени.
  5. Филот го приготвуваме кога тестото во кошничките ќе биде сосема ладно: ставаме 200 мл вода и 200 г шеќер да вријат на тивок оган околу 10 минути. Потоа ги додаваме вишните (без семки) заедно со сокот што го пуштиле и тоа заедно да врие околу 10 минути на тивок оган.
  6. За тоа време во 300 мл вода разматуваме 2 пудинга од ванила и смесата ја додаваме во вишните. Вариме додека добиеме густа смеса со убава црвена боја.
  7. Од врелиот фил со лажица ставаме врз ладното тесто во кошничките.
Крофни
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Тартуфи со суви сливи
Бели топчиња
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Тава со брокула и прокељ
Колачиња зелени елки
Суви колачи со лешници
Торта фантазија
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Салата со макарони, сланина и зеленчук
Чај со брусница и зачини
Филе Велингтон
Потпечен карфиол
Лате со јаболко и цимет
Ѓевречиња од мелено месо
Печен ослиќ со брокула
Торта со цели печени јаболки
Печени компири со говедско месо
Кекси со лешници
Топло чоколадо со црвено вино
Највкусни крофни
Лимон-колач
Бели пралини
Пикантно свинско
Свински гулаш со наут
Кинеска салата
Мини переци
Бротчиња со мелено месо

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: