Рецепти
Коцки со кајсии и праски Ана Ѓорова

Богат колач со кајсии, парчиња праски, пудинг, шлаг и сочен пандишпан

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Компот од кајсии(300 Грама)

Праска(2-3 Грама)

Маргарин(200 Грама)

Шеќер(250 Грама)

Ванилин шеќер(1 Пакување)

Јајце(6 )

Брашно(200 Грама)

Прашок за печиво(2 Супени лажици)

Желатин(2 Пакувања)

Млеко(5 Децилитри)

Пудинг од ванила(1 Пакување)

Шлаг во прав(2 Пакувања)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 50 минути

  1. Пенасто изматете го маргаринот со 200 грама шеќер и со ванилиниот шеќер. Додавајте едно по едно јајце (секое јајце матете го 1/2 минута со миксер).
  2. Брашното измешајте го со прашакот за печиво и потепено додавајте го во смесата со јајцата и шеќерот.
  3. Добиената смеса ставете ја во намрсен плех со димензии 30х40 сантиметри, ставете го плехот во загреана рерна на 180 степени и печете околу 20-тина минути, а потоа оставете настрана да се олади.
  4. Исцедете ги праските, зачувајте го сокот, а овошјето исечете го на парчиња по должина.
  5. Во тенџере ставете 1 пакување желатин и прелијте го со 4 лажици вода, оставете да отстои 10-тина минути, а потоа стопете го на тивок оган.
  6. Додајте го сокот од компотот во тенџерето (околу 4 децилитри) и со постојано мешање загрејте го, но не треба да зоврие.
  7. Распоредете го овошјето врз оладеното тесто и прелијте го со разладениот течен сок. Тестото би требало да упие од сокот и да стане сочно и лесно.
  8. Другата ќесичка желатин прелијте ја со 4 лажици вода и оставете да набабри.
  9. Пудингот од ванила сварете го со 50 грама шеќер според упатството на пакувањето, а потоа измешајте го со стопениот желатин и целата смеса прелијте ја врз овошјето.
  10. Оставете го пудингот да се олади, подгответе го шлагот, а потоа нанесете врз колачот. Исечете го на коцки и декорирајте со свежи парчиња праски одозгора врз секое парче.
Ролат од локум (посно)
Бели топчиња
Колачиња зелени елки
Кростата од бадеми со мармалад
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Колач со рогач
Благи кифлички со вино
Тробоен куглов
Ролнички со соја, праз и печурки
Кекси со лешници
Сос од грав и лук
Највкусни крофни
Штрудлички со јаболко (посно)
Посен колач со јаболки и рум
Обланди со бисквити и чоколадо
Чоколадни урми
Нескафе бомбици
Ролат со урми
Овесни колачиња со цимет и мед
Солени крофни
‘Ржан леб со семки од тиква
Колач со јаболки и бадеми
Крем бомбици
Куглоф со три фила
Овошен колач
Бајадера од урми и кикирики
Колач со млеко од соја
Брз колач со јаболко
Сочен чоколаден колач

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: