Рецепти
Крем колач со банани Ана Ѓорова

Кремаст и сочен колач со свежи банани, пудинг и крем банани што ќе ви стане омилен

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јајце(6 )

Шеќер(200 грама + 4 лажици )

Алкохолен оцет(1 Супена лажица)

Брашно(6 Супени лажици)

Млеко(600 Милилитри)

Пудинг од ванила(1 Пакување)

Крем банана(8 )

Банана(5 )

Маргарин(250 Грама)

Лимон(1 )

Шлаг во прав(1 Пакување)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 90 минути

  1. Белките матете ги со миксер и постепено додавајте 200 г шеќер. Потоа додајте го оцетот и матете додека шеќерот се растопи.
  2. Изматените белки нанесете ги во тава обложена со хартија за печење и печете 60 минути во рерна на 150 степени.
  3. Во тенџере на оган ставете 500 мл млеко, 4 лажици шеќер и жолчките и  мешајте со жица.
  4. Додајте ги брашното и прашокот за пудинг и непрекинато мешајќи варете додека кремот ја добие потребната густина. Оставете целосно да се олади.
  5. Во друг сад изматете го маргаринот со миксер додека да стане пенест.
  6. Додајте го изладениот крем и матете додека смесата се соедини.
  7. Крем бананите исечкајте ги на парчиња, додајте ги во садот и мешајте со лажица да се соедини филот.
  8. Врз печената кора нанесете го филот и кругови банана (претходно потопете ги во сад со сок од 1/2 лимон за да не потемнат).
  9. Во сад со миксер изматете 100 мл млеко и пакувањето прашок за шлаг додека добиете цврст шлаг, па нанесете го врз колачот.
Сиров чоколаден тарт
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Бели топчиња
Колач со круши и бадеми
Оревки
Сусам топчиња
Колачиња зелени елки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Торта фантазија
Ролат со кокос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: