Рецепти

Крем пита со јагоди
Лесен кремаст десерт со пудинг од ванила и јагоди
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
ЕвропскиКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
8 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Жолчка од јајце(5 )
Јајце(1 )
Шеќер(22 Супени лажици)
Брашно(5 Супени лажици)
Масло(1 Супена лажица)
Белка од јајце(5 )
Млеко(1 Литар)
Пудинг од ванила(во прашак 3 Пакувања)
Јагоди(300 Грама)
ПОДГОТОВКА
Овој рецепт се подготвува за помалку од 40 минути
- Во соодветен сад пенасто изматете ги жолчките и целото јајце со шеќерот (5 лажици), а потоа додајте ги маслото и брашното.
- Добро соединете, па смесата ставете ја во претходно подмачкан и набрашнет плех и печете ја кората во загреана рерна на 200 степени додека зарумени.
- Посебно изматете ги белките со 5 лажици шеќер во цврст снег.
- Во малку млеко изматете пудинг, а преостанатите млеко и шеќер (12 лажици) ставете ги да зовријат, па сварете го изматениот пудинг.
- Мешајте додека се згусне, па тргнете го од оган и постепено додавајте (лажица по лажица) снег од белки. Убаво промешајте со дрвена лажица.
- Јагодите ситно исечкајте ги на парчиња, па додајте ги во филот. Готовата кора премачкајте ја со филот и украсете со јагоди.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во