Рецепти
Крем супа од праз и компири
Вкусен, лесен и брз рецепт
ТИП НА РЕЦЕПТ
ПредјадењеТИП НА КУЈНА
Балканска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Праз(150 Грама)
Компир(300 Грама)
Млеко(300 Милилитри)
Вода(600 Милилитри)
Сол(1 Кафена лажица)
Бибер(1 Прстофат)
Павлака(2 Супени лажици)
Масло(1 Супена лажица)
ПОДГОТОВКА
Овој рецепт се подготвува за помалку од 30 минути
- На загреано масло прво пропржете го ситно сечканиот праз само колку да омекне.
- Во него додајте ги компирите кои претходно сте ги излупиле и сте ги исечкале на ситни коцкички.
- Потоа додајте млеко и вода и варете ги додека зеленчукот не се свари.
- Кога зеленчукот ќе биде готов, додајте павлака и зачини по вкус и изблендирајте ја додека не добие убава кремаста смеса.
- Готовата крем супа послужете ја топла и за декорација може да ја наросите со ситно сечкан праз.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во