Рецепти
Леб Дедо Мраз Ана Ѓорова

Оригинален рецепт за декоративен леб, кој може да го подготвите за празниците и да ги изненадите помладите членови од семејството

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(750 Грама)

Вода(190 Милилитри)

Квасец во прав(6 Грама)

Млеко(120 Милилитри)

Сол(15 Грама)

Масло(60 Грама)

Путер(90 Грама)

Шеќер(7 Грама)

Јајце(1 )

Црвена прехранбена боја

Црни маслинки

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Квасецот во прав измешајте го со млаката вода. Потоа измешајте го и брашното.
  2. Млекото малку загрејте го (да биде млако) и измешајте го со шеќерот и со солта и додајте го со брашното.
  3. Додавајте постепено и масло, мешајте со дланките, додајте го и омекнатиот путер и замесете меко тесто. Оставете го да стаса неколку часа.
  4. Поделете го тестото на два дела, еден дел од околу 900 грама, а другиот 450 грама. Расукајте го поголемиот дел од тестото во форма на триаголник со должина од 36 см, тесниот дел 6 см, а основата околу 20-23 см. Попрскајте го тестото со вода.
  5. Потоа помалото тесто расукајте го и со нож исечете ленти од околу 1 см дебелина. Наредете го тестото на основата на триаголникот како брадата на Дедо Мраз.
  6. Направете и топче од вишокот тесто (нос), помали ленти (бркови) и поголемо топче (врвот на капата).
  7. Ставете го тестото во плех со намастена хартија за печење. Ставете му очи од маслинките, а прехрамбената боја измешајте ја со 1 матено јајце и намачкајте ја капата.
  8. Печете го лебот на 180 степени, 35 минути.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Здрава проја со тиквички
Тарт со џем од малини
Шеќерни прженки
Пита со блитва и со коприва
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Посни крокети со спанаќ
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Оревки
Сусам топчиња
Лут зелник
Тарт со вишни
Крокети од тиква и пармезан
Кнедли од крем сирење
Француско „селско“ месо
Кнедли од џигер
Енергетски залчиња од тиква
Тарт со праз
Пита со кисела зелка
Чај со брусница и зачини
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Топчиња од палента
Потпечен карфиол
Здраво чоколадно лепче
Ленени погачици
Чоколадни брауни од тиква
Брза пита од тиква

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: