Рецепти
Леден мус од малина (хроно)
Свеж овошен мус од малини, кој се приготвува многу лесно, а е погоден за Вашите гости
ТИП НА РЕЦЕПТ
УжинаТИП НА КУЈНА
ЕвропскиКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
6 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Малини(300 Грама)
Фруктоза (овошен шеќер)(150 Грама)
Слатка павлака(500 Милилитри)
Белка од јајце(4 )
ПОДГОТОВКА
За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 30 минути
- Одвојте неколку малини за декорација, а преостанатите измешајте ги во блендер додека не добиете смеса како пире.
- Ставете ја фруктозата во подлабок сад, додајте 4 лажици вода и варете ја неколку минути додека не се направи густ сируп.
- Изматете ги белките во цврст снег и постепено додавајте го жешкиот сируп со постојано мешање.
- На крајот, измешајте ги пасираното овошје и 300 милилитри изматена слатка павлака (останатиот дел оставете го за декорација).
- Обложете издолжен калап со фолија и истурете ја во него приготвената смеса. Оставете неколку часа во замрзнувач да се излади и да се стегне.
- Држете го кратко калапот со замрзнатиот мус во топла врела вода и внимателно превртете го на чинија. Извадете ја фолијата и декорирајте со изматена слатка павлака и со малини.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во