Рецепти
Лимон-бајадера
Интересен бајадера колач со лимон како идеја за брз и лесен десерт
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
Балканска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
6 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Шеќер во прав(250 Грама)
Мелени бисквити(400 Грама)
Маргарин(275 Грама)
Свеж сок од лимон(од 1 )
Млеко(100 Милилитри)
Црно чоколадо(100 Грама)
Масло(4 Кафени лажици)
Шеќер(400 Грама)
Вода(100 Милилитри)
Млеко во прав(250 Грама)
ПОДГОТОВКА
Овој рецепт се подготвува за помалку од 40 минути
- Прв дел: маргаринот и шеќерот во прав добро се матат, потоа се додаваат мелените бисквити, сокот од лимон и млекото и се матат заедно се додека добро не се соединат. Смесата се распоредува во тавче.
- Втор дел: на пареа се става чоколадото да се стопи со малку масло, а потоа се прелива врз првиот дел и се става во фрижидер да се стегне.
- Трет дел: шеќерот и водата се ставаат на шпорет да вријат 7 минути. Се трга од шпорет и се додава маргаринот, па се мати со миксер околу 5 минути.
- Се додава млекото во прав да се соедни и се прелива врз чоколадото. И повторно се става во фрижидер да се стегне.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во