Рецепти
Лимон ролат Ана Ристеска

Освежителен десерт со ванила пудинг, кафе и бадеми со арома на лимон

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јајце((за пандишпан) 6 )

Лимон((за пандишпан) 1 )

Шеќер((за пандишпан) 7 Супени лажици)

Брашно((за пандишпан) 5 Супени лажици)

Мелени бадеми((за пандишпан) 3 Супени лажици)

Ванилин шеќер((за пандишпан) 1 )

Прашок за печиво((за пандишпан) 1 )

Шеќер((за фил) 3 Супени лажици)

Мед((за фил) 2 Супени лажици)

Инстант кафе во прав((за фил) 1 Супена лажица)

Млеко((за фил) 200 Милилитри)

Путер((за фил) 100 Грама)

Шеќер во прав((за фил) 100 Грама)

Маргарин((за фил) 50 Грама)

Јајце((за фил) 3 )

Мелени бадеми((за фил) 3 Супени лажици)

Пудинг од ванила((за фил) во прав 1 Пакување)

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 70 минути

  1. Започнуваме со подготовка на пандишпанот. Во сад за матење ги ставаме јајцата и шеќерот и матиме со миксер додека шеќерот не се растопи.
  2. На ситната страна од рендето во садот рендаме кора од лимон. Ги додаваме брашното, мелените бадеми, прашокот за печиво и ванилиниот шеќер и мешаме додека смесата не се соедини.
  3. Ја нанесуваме смесата во тава за печење обложена со хартија, тавата ја ставаме во рерна и печеме 30 минути на 180 степени. Тавата ја вадиме од рерна, го вадиме пандишпанот од тавата и во навлажнета кујнска крпа го свиткуваме ролатот.
  4. Започнуваме со подготовка на филот. Во сад за матење со миксер ги матиме јајцата и медот. Во садот со шеќерот ги додаваме инстант кафето и 70 мл млеко и промешуваме.
  5. Во тенџере ги ставаме прашокот за пудинг, преостанатото млеко, размешаното инстант кафе и изматените јајца и промешуваме. Го ставаме тенџерто на оган, непрекинато мешаме и вариме додека кремот не ја добие потребната густина.
  6. Во садот за матење со путерот и маргаринот го додаваме шеќерот во прав и матиме со миксер додека смесата не стане пенаста. Ги додаваме изладениот крем од тенџерето и мелените бадеми и матиме додека филот не се соедини.
  7. Омекнатиот пандишпан го одвиткуваме од крпата и му ја одлепуваме хартијата. Го премачкуваме пандишпанот со фил и со помош на хартијата виткаме ролат. Го ставаме ролатот на послужавник и го премачкуваме со преостанатиот фил.
Пуслици со ореви
Дроб во кошулица
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Динстани јунешки ребра
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Потпечена зелка со наут
Тарт со праз
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Чоколадни кроасани
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Филе Велингтон
Ленени погачици
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Лимон-колач
Руски колач со афион
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Пикантно свинско
Пита масленица
Куглов погача со сирење

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: