Домашно лиснато печиво што може да го послужите како додаток со секакви јадења или како предјадење за гостите
ТИП НА РЕЦЕПТ
ПредјадењеТИП НА КУЈНА
Бабина кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ТешкоСЕРВИРАЊЕ
8 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
140 - 250 минутиВода(1 Чаша)
Масло(1 филџан )
Оцет(1 Супена лажица)
Брашно(по потреба )
Маргарин(1 коцка )
Јајце(1 )
За овој рецепт се потребни помалку од 3 часа
- Се замесува тесто од брашно, една чаша вода, еден филџан масло, една лажица оцет и малку сол.
- Добро се меси и потоа се расукува кора.
- Маргаринот се дели на 4 дела. Кората се мачка со 1/4 од маргаринот, потоа се преклопува од двете страни и се остава во фрижидер да отстои 30 минути.
4. Повторно се расукува кора и таа се премачкува со маргарин, па се преклопува исто како првиот пат и се остава во фрижидер да отстои 30 минути.
5. Истото се повторува уште двапати.
6. На крајот се расукува кора и таа се сече во форма на четириаголници.
7. Секој четириаголник се преклопува и се реди во подмачкана тепсија.
8. Одозгора така преклопените четириаголници се премачкуваат со изматено јајце, па им се наросува сусам.
9. Се печат 30 минути на 200 степени.