Рецепти
Макаронс колачиња Ана Ѓорова

Внесете радост во секојдневието и подгответе ги овие шарени Макаронс колачиња кои се познат европски десерт

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јајце(4 )

Шеќер во прав(240 Грама)

Шеќер(100 грама + 4 лажици )

Бадеми(160 Грама)

Нишесте (пченкарен скроб)(1 Супена лажица)

Бело чоколадо(50 Грама)

Слатка павлака(1 децилитар + 100 милилитри )

Лимон(1 )

Црно чоколадо(50 Грама)

Мелени бисквити(2-3 Супени лажици)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 120 минути

  1. Белките и жолчките се одвојуваат во посебни садови, белките се матат во цврст снег и постепено се додаваат 100 грама шеќер.
  2. Лупените бадеми се ситнат во блендер и се мешаат со шеќерот во прав, па се додава нишесте (или лажица прашак пудинг од ванила). Смесата се промешува и постепено се додава снегот од белки.
  3. Смесата не треба да биде ни густа ни ретка. Се дели на неколку дела и се додава прехрамбена боја по избор.
  4. Потоа смесата се истура во слаткарски шприц, па се истиснуваат крукчиња со пречник од 2-2,5 см. Се оставаат да отстојат 60-90 минути.
  5. Потоа се сушат во загреана рерна на 150°C, околу 15-17 минути. Во текот на првите 5-6 минути неколку пати се отвара рерната за да излезе влагата.
  6. Готовите макаронси се оставаат да се изладат, а потоа се вадат од хартијата за печење.
  7. Белото чоколадо се растопува со 50 мл слатка павлака, а потоа се додаваат сок и рендана кора од 1 лимон. Се остава филот да се излади.
  8. Се подготвува друг фил: чоколадото се растопува со 50 мл слатка павлака и се остава да се стегне.
  9. Третиот фил: жолчките се матат со 4 лажици шеќер, па се варат на пареа. Во оладената смеса се додаваат 1 дл слатка павлак и мелените бисквити. Се остава да се стегне.
  10. Оладените макаронс колачи се филуваат и се поклопуваат, па се оставаат да отстојат преку ноќ во фрижидер.
Сиров чоколаден тарт
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Бели топчиња
Колач со круши и бадеми
Оревки
Сусам топчиња
Колачиња зелени елки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Торта фантазија
Ролат со кокос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: