Рецепти
Мармалад од грозје со јаболки
Необичен и вкусен овошен мармалад од бело грозје и јаболки
ТИП НА РЕЦЕПТ
УжинаТИП НА КУЈНА
Бабина кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
8 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
65 - 120 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Бело грозје(1 Килограм)
Јаболко(2 )
Шеќер(400 Грама)
Лимон(1/2 )
Ракија(1 мала чашка )
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 90 минути
- Јаболките излупете ги и отстранете им ги дршките и семките, па исечете ги на коцкички.
- Ставете ги во тенџере со сокот од лимон и грозјето. Гответе ги околу 30 минути.
- Ставете ја содржината од тенџерето во цедалка за добро да го процедите целиот сок од овошјето.
- Сокот ставете го во тенџере на оган со шеќерот и добро измешајте го.
- Додајте ја и ракијата, па гответе уште 40 минути. Со дрвена лажица отстранувајте ја пената што се прави при варењето.
- На крај од варењето, проверете ја густината на мармаладот – капнете пола лажичка во стаклена чинија.
- Мармаладот претурете го во стерилизирани тегли, добро прицврстете ги со капак и превртете ги наопаку.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во