Рецепти
Мини пити со спанаќ и сирење Ана Ѓорова

Вкусни пити за вечера или предјадење што може да ги послужите со сос од домати или со павлака

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(450 грама + малку за посипување )

Квасец во прав(1 Кафена лажица)

Вода(2.5 Децилитри)

Масло(1.5 Децилитар)

Сол(1 Кафена лажица)

Маргарин(125 Грама)

Спанаќ(500 Грама)

Сирење(300 Грама)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 70 минути

  1. Спанаќот се обарува, се сечка и се меша со издробеното сирење.
  2. Од брашното, сувиот квасец, 2.5 дл млака вода, масло, сол и маргарин се замесува тесто и се меси додека се измазни. Тестото се меси 100-тина пати и се удира од работната маса 10-тина пати, па се остава да отстои 5-6 минути.
  3. Од добро изработеното тесто се прави ролна и се дели на 15 еднакви топчиња. Од нив се расукуваат мали корички. Се премачкуваат со маргарин и се ставаат по 5 една врз друга. Петтата кора не се мачка.
  4. Од нив се расукуваат три кори. Секоја кора се попрскува со маслото и по краевите се става од филот. Двата краеви се ролаат кон средината.
  5. Двојните ролати се сечат на половина, потоа на парчиња, се попрскуваат со преостанатото масло и се ставаат во подмачкан плех да се печат на 200 степени околу 20-25 минути. Може да наросите и сусам по желба. Готовата пита се премачкува со малку масло.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Здрава проја со тиквички
Тарт со џем од малини
Шеќерни прженки
Пита со блитва и со коприва
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Посни крокети со спанаќ
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Оревки
Сусам топчиња
Лут зелник
Тарт со вишни
Крокети од тиква и пармезан
Кнедли од крем сирење
Француско „селско“ месо
Кнедли од џигер
Енергетски залчиња од тиква
Тарт со праз
Пита со кисела зелка
Чај со брусница и зачини
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Топчиња од палента
Потпечен карфиол
Здраво чоколадно лепче
Ленени погачици
Чоколадни брауни од тиква
Брза пита од тиква

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: