Рецепти
Мусака од палента
Интересен и вкусен рецепт што можеби не сте се сетиле да го подготвите досега
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
ЕвропскиКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Палента(350 Грама)
Мешано мелено месо(300 Грама)
Домат(200 Грама)
Кромид(1 Главица)
Рендан кашкавал(100 Грама)
Црвен пипер(1 Кафена лажица)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 50 минути
- На маслото пропржете го кромидот и кога ќе стане стаклест, додајте го меленото месо.
- Сето тоа заедно динстајте го, па додајте го исечканиот домат и зачините по вкус.
- Палентата сварете ја во солена вода според упатството на пакувањето.
- Во намастен огноотпорен сад ставете половина од сварената палента, прелијте со половина од смесата со мелено месо, одозгора прелијте со останатата палента, па завршете со сосот од месо.
- Одозгора јадењето посипете го со рендан кашкавал и печете во загреана рерна на 200 степени, околу 25 минути.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во