Рецепти
Орео чизкејк Ана Ѓорова

Торта со пандишпан од орео чоколадни бисквит-колачиња и со фил од крем сирење за вкусен десерт

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Орео колачиња(14 )

Несолен путер(растопен 2 лажици )

Крем сирење(680 Грама)

Шеќер(1 чаша + 3 лажици )

Екстракт од ванила(2 лажички или 1-2 ванила стапчиња )

Сол(1/2 Кафена лажица)

Слатка павлака(2 Чаши)

Јајце(3 )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 120 минути

  1. Загрејте ја рерната на 180°C.
  2. Орео колачињата сомелете ги во блендер заедно со топениот путер. Смесата натапкајте ја добро во кружен сад за торти со пречник од 24 см.

01

3. Во друг сад со миксер изматете ги крем сирењето, 1 чаша шеќер, ванилата и 1 чаша павлака додека добиете хомогена кремаста смеса.

4. Едно по едно додавајте ги јајцата во смесата со крем сирењето и продолжете со матење. Пред да го додадете второто јајце, добро изматете го првото во смесата.

5. Смесата со крем сирењето прелијте ја врз садот со смесата од орео колачињата.

6. Во загреаната рерна на првата решетка ставете огноотпорен сад, наполнет со врела вода. Чизкејкот ставете го на втората решетка врз садот со вода и печете го така околу 1 час.

 

02

 

7. Чизкејкот треба да нарасне убаво, ако во центарот има длабнатина – печете го уште дополнителни 10 минути во рерната.

 

03

 

8. Кога колачот ќе се испече, изгасете ја рерната, отворете ја и оставете го така да се излади околу 1 час.

9. Во друг сад измешајте чаша павлака, 3 лажици шеќер и лажичка екстракт од ванила.

10. Со оваа смеса премачкајте го изладениот колач, оставете го најмалку 1 час во фрижидер да се олади или уште подобро преку ноќ.

Сиров чоколаден тарт
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Бели топчиња
Колач со круши и бадеми
Оревки
Сусам топчиња
Колачиња зелени елки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Торта фантазија
Ролат со кокос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: