Рецепти
Овошни колачиња Ана Ристеска

Овој рецепт може да се подготви и со џем од праска или слива

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(800 Грама)

Шеќер(1 Супена лажица)

Масло(1 Чаша)

Квасец(1/2 )

Маргарин(1/2 )

Јаболко(2 )

Круша(2 )

Џем од кајсии(3 Супени лажици)

Ванила во прав(1 Пакување)

Гриз(1 Супена лажица)

Свеж сок од лимон

Шеќер во прав

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 80 минути

  1. Во сад се ставаат брашното, шеќерот, квасецот и маслото, потоа се замесува тесто со вода, со средна тврдина. Во друг сад на овошјето му се отсранува лушпата, се сечка на ситни коцкички во кои се ставаат гризот, ванилата и сокот од лимон. Сето тоа убаво се промешува и се трга на страна.
  2. Од замесеното тесто се расукува четвртеста кора. На средината на кората се става маргарин исечен на листови (едната половина од маргаринот) и кората се преклопува од сите страни за да се добие квадрат.
  3. Постапката се повторува уште еднаш или додека се потроши и другата половина од маргаринот. По третпат се расукува четвртаста кора и со нож за пица се сече целата кора на еднакви квадратчиња.
  4. Секое квадратче се премачкува со џем и врз него се става од овошјето. Потоа, квадратчето се преклопува и се притиска лесно со прсти на краевите за да се залепи.
  5. Така приготвените колачиња се редат во подмачкан плех, се оставаат да нараснат.
  6. Откако ќе стасаат колачињата, се печат во рерна на 180 степени од 30 до 40 минути. На крај испечени, додека се топли се посипуваат со шеќер во прав.
Сиров чоколаден тарт
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Бели топчиња
Колач со круши и бадеми
Оревки
Сусам топчиња
Колачиња зелени елки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Торта фантазија
Ролат со кокос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: